Don't Miss
Home / Вести / Завршуваат ремонтните активности во ТЕЦ Неготино, термоелектраната на мрежа на почетокот на декември

Завршуваат ремонтните активности во ТЕЦ Неготино, термоелектраната на мрежа на почетокот на декември

Во ТЕЦ Неготино завршуваат сервисните и ремонтните активности, и електраната се подготвува за враќање на мрежа на почетокот на декември.

Проверките и санирањата се изведуваат од страна на вработени во термоелектраната, домашни стручни лица и стручен тим од Украина, односно од производителот на опремата вградена при изградбата на ТЕЦ Неготино.

Во завршна фаза е санирањето на намотката и статорското јадро на турбогенераторот, се завршува контролното електрично испитување на намотката, по што ќе се пристапи кон затворање на турбогенераторот и завршни контролни електрични испитувања и заптивноста на истиот.

 Вклучувањето на термоелектраната на мрежа е планирано на почеток на декември, во првиот кус период со еден котел, а потоа и со втор, согласно протоколите за работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*