АД ЕСМ – Подружница ХЕС “Црн Дрим Струга продолжи со проектот за чистење на коритото на реката Црн Дрим. По пауза од 2 години предизвикана од здраствената и енергетската криза, АД ЕСМ продолжи со третата етапа од планираното прочистување и тоа од излезот од градот Струга до објектот Далјан во должина околу 600м, простор кој речиси беше целосно затрупан со наноси од песок, дрвна маса, метален и комунален отпад кој го намалуваше протокот на водата дури до 60 отсто.
АД ЕСМ и ХЕС Црн Дрим ја спроведуваат акцијата со сопствени финансиски средства. Од зафатот придобивка имаат пред се жителите на Струга и по течението на реката, кои континуирано се под опасност од излевање, и второстепено, производните капацитети за електрична енергија.
АД ЕСМ – Подружница ХЕС Црн ДРИМ започна широка акција на анимирање на јавноста преку изработка на елаборати и трудови (објавени на ЗЕМАК, МАКО СИГРЕ и други стручни конференции) во кои ја истакна проценката на можните штетни влијанија на водата во Црн Дрим во период на големи води.
Од страна на многу институции како што се МЖСПП, Општина Стуга, УНДП, ЦУК и ДЗС беше забележана и подржана иницијативата на раководниот тим на ХЕС Црн Дрим што резултираше со почеток на реализација на проектот во повеќе фази кој започна во 2020 год. со чистење на устието и коритото во урбаниот дел на градот.
Реката Црн Дрим го растоварува водниот биланс на Охридското езеро и спречува да дојде до поплавување на градовите Охрид и Струга со околината. Во период на големи врнежи од дожд ја прибира атмосферската вода и спречува нејзино мешање со канализационите отпадни води и излевање на истите, а го оневозможува и поплавување на струшко поле и околните населби. За да се овозможи тоа, потребно е постојано инвестирање во одржување на коритото од страна на повеќе институции од државата.
Раководниот тим на ХЕС Црн Дрим , подржан од УО на АД ЕСМ продолжува со постапка за јавна набавка за изработка на основен проект за чистење на останатиот дел од коритото од објектот Далјан до акумулација Глобочица кај селото Ташмаруништа со должина од околу 9км. УО на АД ЕСМ ја одобри и обезбеди финансиската конструкција за реализација на овој проектот а чистењето се очекува да се реализира во 2023г.