Don't Miss
Home / Вести / Заедничка средба на извршните одбори на Здруженијата на пензионери од Битола и Прилеп

Заедничка средба на извршните одбори на Здруженијата на пензионери од Битола и Прилеп

Заедничка средба на извршните одбори на Здруженијата на пензионери од Битола и  Прилеп

Извршните одбори на Здруженијата на пензионери  од Битола и Прилеп на третата по ред заедничка седница расправаа за актуелните прашања од работата и животот на пензионерите од  овие две збратимени здруженија.    Претседателката на Здружението на  пензионери од Битола, Даница Петличкова, истакна дека со околу 20 000 пензионери, ова здружение од Битола е најмногубројно во државата поради што и неговите активности се најразновидни и забележителни. Неодамна за пензионерите се склучени договори на четири рати да им бидат доставени 27 тони свинсо месо, а до средината на овој  месец се очекува сите пензионери да ги обезбедат огревните дрва. 

десета

  Петличкова рече дека во 31 огранок на ова Здружение се чувствува потреба за отворање на нови пензионерски клубови зашто во постојниот клуб посетителите се задоволни од неговото функционирање.    Славко Трајкоски, претседател на Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Прилеп, ги спомена нивните постигнати резултати на Пензионерските спортски игри, нагласувајќи дека овие две здруженија треба да востановат и повеќе други форми за соработка.    Крсте Белевски, претседател  на Собранието на пензионери од Битола, ги запозна присутните дека во тек е постапката на пензионертите да им бидат ставени во владение сите старски домови кои се изградени со средства на пензионерите од Македонија. На заедничката седница меѓу членовите на Извршните одбори од Битола и Прилеп присуствуваше и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери од Македонија, м-р  Илија Адамовски кој рече дека во овие два града има повеќе пензионери отколку во Источниот дел на државата заради што треба тие и натаму да изнајдуваат разни форми за соработка и со хумани донации да се грижат за  подобрување на стандардот и здравјето на пензионерите.    И низ останатите дискусии на другите присустни исто така беше   нагласена потребата за уште поуспешна соработка меѓу пензионерите од здруженијата во Битола и Прилеп. 

11 та

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*