Don't Miss
Home / Вести / Првиот ден по Новата година над 60 планинари се искачија на Пелистер

Првиот ден по Новата година над 60 планинари се искачија на Пелистер

               

        По повод испраќањето на Старата 2022 и дожекот на Новата 2023 година над 60 вљубеници во планината од 10 градови во државата,  годинава, на 1- ви јануари  ја доживеаја магијата на првото изгрејсонце на  Пелистер. 

Овој планинарски марш се одржа по 12 пат, во организација на  “Олумпус Монс” клубот  од

Битола,  под симболичното мото „Први на први” за нокно искачување на највисокиот врв на Баба Планина, Пелистер, се  со цел првото изгрејсонце во Новата година да се дочека на 2601 метар надморска височина.    Искачуванјето го започнаа   неколку минути после полнок, со што оваа е првиот спортски настан во Новата година во Битола. 

-Искачувањето го започнавме од Инфоцентарот на НП Пелистер на  1.350 метри надморска височина.

Се движевме по патека долга 14 км, во правец на Цапарска пресека, Ловечка кука,  се до врвот Пелистер каде  пристигнавме утрото околу 5,30 часот.

 „Први на први”  е прв спортски настан на Балканот, можеби и пошироко, и полека но успешно прераснува во еден препознатлив битолски бренд.  Целта на овој настан е да ги промовираме  убавините и потенцијалот на НП Пелистер кој го има и нуди во насока на идниот економски развој на поширокиот регион. Исто така, со овој настан сакаме да ја поттикнеме љубовта кон планината и  планинарењето, изјави  Иванчо Тошевски, претседател на “Олимпус Монс” и еден од организаторите на настанот.

Секоја година магијата на првото изгрејсонце на Пелистер е уникатна, велат организаторите, а годинава беше надополнета со огномет. Настанот е проследен со интересни случки кои долго се паметат, па имало запросување, почеток на нови врски, нови пријателства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*