Почитувани граѓани, зад нас оставaме исклучително тешка година на енергетски план, a пред нас e година исполнета со нови предизвици. АД ЕСМ во 2022 година се соочи со предизвикот да менаџира две големи кризи – кризата со електрична енергија и кризата со топлинска енергија. Како компанија, успешно ја извршивме и ја вршиме нашата мисија во ова тешко време – обезбедуваме електрична енергија и топлина за граѓаните, за институциите, за стопанството. Без ниту еден ден рестрикции!Во време на енергетска криза, за граѓаните и малите бизниси обезбедивме 100% електрична енергија, а со поевтина енергија ги снабдуваме и болници, училишта, водостопански претпријатија, прехранбени капацитети, како и поголем дел од виталните институции во државата. Што се однесува до топлинската енергија за Градот Скопје, кога сите кренаа раце и избегаа од одговорност, АД ЕСМ го презеде и овој товар. И успешно се справува со обезбедувањето на потребните ресурси и испораката на топлинска енергија на задоволство на огромен број на граѓани. Во оваа прилика сакам јавно да се заблагодарам на сите наши вработени во рудниците, термоелектраните, хидроелектраните, во службите, на директорите на подружниците и ДООЕЛ-ите и менаџерскиот тим на АД ЕСМ, на Премиерот и министрите во Владата и сите оние кои помогнаа со својот влог и дополнителен ангажман да ги надминеме сите предизвици што ги донесе кризата. Во годината пред нас, на сите ви посакувам добро здравје и успех на секое поле. Среќна Нова 2023 година!“