Don't Miss
Home / Вести / ТЕЦ Осломеј превентивно исклучен, производството на електрична енергија непречено се одвива преку другите електрани на АД ЕСМ

ТЕЦ Осломеј превентивно исклучен, производството на електрична енергија непречено се одвива преку другите електрани на АД ЕСМ

Термоелектраната Осломеј од превентивни причини е исклучена од работен режим по забележана појава на вибрации во системот во делот на вентилацијата, кој минатата недела беше зафатен со пожар при самозапалување на јаглен и кој дел подлежеше на санирање. Се вршат повторни проверки од страна на надворешната овластена фирма и се очекува набрзо пречката да биде отстранета и термоцентралата да биде вратена на мрежа.

Нема да има недостиг на електрична енергија во производството на АД ЕСМ, бидејќи капацитетите работат  според планот и се компензира секое отстапување на одреден капацитет.

Во текот на вчерашниот ден АД ЕСМ произведе 17.454MWh електрична енергија, што далеку ги надминува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи (регулираниот пазар), а покрива и најголем дел од дополнителните снабдувања на субјекти на слободниот пазар, доделени на снабдување на ЕСМ Продажба со посебни одлуки на Владата во текот на енергетската криза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*