Во врска со загадениот воздух денеска со соопштение се јавија ЛДП Битола.
-Пред три години, точно во ова време, Поинаку организираше протести за чист воздух.
Медиуми, транспаренти како ,, Сите ќе умреме “, ,,Битола сака да диши”, ,,Воздухот е загаден”, доминираа на протестите.
Сеуште се свежи и сеќавањата на клетвите упатени кон поранешни функционери од локалната власт, а сето тоа беше прикажано како неспособност на власта.
Денес се покажа дека сето тоа било само обична борба за власт затоа што:
Сегашните програми за чист воздух се финансиски послаби од тие пред три години.
-Нема ниту една конкретна мерка, односно ништо не се работи и не се презема за подобрување на состојбите.
Затоа јавно прашуваме ?
Кога, во кое време и саат е закажан протестот на Поинаку ?
Ќе дојдат ли луѓето од Детската амбасада ?
Ќе има ли вонредна седница на Совет и кога е закажана ?
Ќе има ли барем една единствена мерка што ќе ја преземе општина Битола, па макар тоа било и обично соопштение?
П.С. Сликите под текстот се од два дена.
Тие со маглата се од денес, а се разбира протестот е од пред три години, се вели во соопштението на ЛДП Битола.
Интересное што актуелен претседател на ЛДП Битола е Горан Пинза, кој беше еден од најголемите “ борци “ за чист воздух, кога се појави Здружението “ Битола сака чист воздух – За нас се работи “