Поаѓајќи од пред Офицерскиот дом, низ Широк Сокак со ангелски глас низ кој одѕвонуваше Божиќната песна „Вечниот бог“, Бадниковата поворка, внесе радост и во Општина Битола.
Младите гласници на најубавата вест, во Битола беа пречекани од заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска и советниците Анета Ѓоргиевска и Борче Корлевски, кои им поделија коледарски пакетчиња.