Don't Miss
Home / Вести / Битола ми е секогаш во мислите и срцето

Битола ми е секогаш во мислите и срцето

       

Виолета Томовска, доботничката на најпрестижнто признание на Битолски весник, за трајни вредности , на неодамна одржаната манифестација “ Избираме најуспешни битолчани”, Виолета Томовска не можеше да го скрие своето огромно  воодушевување од добивањето на ова за неа како што ни рече големо признание.

-Неизмерно сум среќна што со добивањето на ова највисоко признание  на Битолски весник, за трајни вредности, се вброив во редот на добитниците Владимир Костов, Васко Ташковски, Коста Хаџиантоновски,  отец Партениј, Тома Фила.

 Да се добие ова признание за мене лично е навистина голема чест.

Фала им на битолчани, фала им на читателите на Битолски весник,  кои одлучија мене да ми го доделат  ова престижно признание, ни рече по добивањето на признанието Виолета Томовска.

Инаку добитничката на најпрестижното  признание на Битолски весник, за трајни вредности, Виолета Томовска потекнува од  музичко семејство.

 Основното образование  го завршила во Битола, каде учествувала во сите музички секции во училиштето и свирела на мандолина, а подоцна станала и член на КУД „Илинден” – Битола.

Од 1959 до 1963 година. секојдневно вежбала клавир со нејзиниот вујко Благој Петров – Караѓуле и со нејзината тетка Блага Петрова – Видец.

Уште од млади години, таа имала можност да работи со доајените на македонската музика. Во текот на својата кариера, ги посетила сите земји каде што има битолчани и македонски иселеници.

Испеала многу хитови и бисери на македонската староградска песна. Меѓу попознатите се хитовите: „Македонско девојче“, „Ој Вардаре македонски“, “Заиграј со мене ти“, Камен да беше срцето“, За многу години Македонци“, „Ми товарил Дончо“, „Песна ви пеам, Македонци”, “Ах вие луди млади години“, “Битола мој роден крај”, „Молитва“, „Песната е дар од Господа” и  уште стотина други. Настапувала на многу фестивали на кои добила безброј награди од публиката и жири комисиите. Меѓу нив е наградата „Послание за хуманост на Мајка Тереза”, добиена од Граѓанската асоцијацијата „Скопјанката Мајка Тереза”, за нејзината хуманост, како и наградата „Ајри Демировски”, доделена од Битолски весник, по повод манифестацијата „Избираме најуспешни битолчани за 2009 година”.

Во 2013 година таа е добитник на  наградата за животно дело “Златна бубамара” Во 2016 година, на првата ревијална вечер на „Фолк-фест Валандово“,ѝ беше  доделена специјална награда за нејзиниот придонес во афирмацијата на фестивалот и за нејзиното децениско творештво.

Неодамна претседателот на државата, Стево Пендаровски  ја одликуваше  Томовска со признанието Орден  за заслуги по повод 11-октомври на Република Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*