Денеска градоначалникот на Битола Тони Коњановски, во својот кабинет оствари средба со Лука Дамчевски, 15 годишен битолчанец, кој вчера го фати Светиот крст во осветените води во храмот „Св. Великомаченик Димитриј“, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Во чест на фаќањето на крстот градоначалникот Тони Коњановски во име на општината Битола му додели парична награда во износ од 15.000 ден. и икона на заштитникот на Битола, „Св. Нектариј Битолски“ .
Среќниот факач на крстот Лука Дамчевски истакна дека за прв пат учествувал во церемонијата на фаќањето на Светиот крст и е особено е радосен што токму тој е најсреќен оваа година, кога имаше и рекорден број пријавени учесници на манифестацијата.
-Мотивацијата ми беше да пробам, да видам какво е чувството за здравје. Го почувствував крстот со ногата, не беше тешко, но беше тешко да се извади поради гужвата, бидејќи имаше многу луѓе внатре, во водата, рече младиот Дамчевски.