Со решение на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска дојде до смена на директорите на двете јавни претпријатија „Комуналец“ и ЈП „Паркинзи“. Нов директор на ЈКП „Комуналец“ Битола од денеска е Горан Степановски, кој дојде на местото на в.д. директорката Гордана Наумовска, на која Коњановски не ѝ го продолжи мандатот.
На местото на Горан Степановски, кој досега беше директор на ЈП „Паркинзи“ Битола, за в.д. директор е назначен Зоран Михајловски, вработен во РЕК „Битола“,
инаку поранешен директор на ЈП „Пазари“ Битола.