АДЕСМ Подружница РЕК Битола во целост ги демантира информациите што во јавноста ги пласира политичката партија ВМРО ДПМНЕ.
Во РЕК Битола нема дефект на Блок 1, ниту било какви други сериозни проблеми на некоја од постројките.
Блок 1 на РЕК Битола е плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции во постројката. Предвидено е активностите да завршат до сабота и викендов Блок 1 повторно да биде ставен во функција.
Активностите се преземени плански токму деновиве бидејќи сите останати капацитети на АД ЕСМ се во погон и произведуваат електрична енергија со која во целост се задоволуваат потребите на домаќинствата, на малите потрошувачи и на останатите капацитети согласно владините задолженија, се вели в рекацијата од АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола.