По речиси 15 години застој, денеска официјално во работа беше пуштен новиот БТО јагленов систем.
Со пуштањето во употреба на новиот БТО јагленов систем двојно ќе се зголеми откривањето и производството на јаглен во Суводол.
-Системот е изграден со речиси целосен влог на сили и ресурси на компанијата и ФОД “Битола”. Во поставување на системот учествуваа голем број стручни лица од ПЕ Рудници на РЕК “Битола”, а особено сме горди на фактот што најголемиот дел од компонентите се репарирани делови од други системи со што значително беа намалени трошоците за реализација на овој значаен проект-изјави првиот човек на РЕК “Битола” Пеце Матевски.
Вкупната вредност на новиот БТО јагленов систем е околу 7 милиони евра сопствени средства на Комбинатот РЕК “Битола” .