Don't Miss
Home / Вести / Утре протест пред Клиничката болница

Утре протест пред Клиничката болница

                     

            Битолчани, утре со почеток во 17 часот повторно ќе излезат на протест поради смртта на новороденчето, кое завчера почина на Одделениетие за гинекологија и 5-годишната Јана Христовска која почина  на 22 март на Педијатриското одделение во болницата.

            Овој пат протестот, наместо на плоштадот, пред Магнолија  ќе биде пред Клиничаката болница во Битола.

            Според организаторот на протестот ќе с епротестира со сирени и молк.

-Ќе носиме сирена, ќе ја вклучиме ,а потоа ќе одадеме една минута почит за сите прерано заминати чеда, родители и пријатели и ќе си отидеме…

 Нека сирената ја означи алармантната состојба во Клиничката болница, а молкот нека биде за наш потсетник за тие на небесата, оти сите немо седиме и чекаме промените од небо да паднат, а не ние да ги создадеме  час поскоро за да спасиме нечии живот“, најави Игор Петковски, кумот на Јана о организатор на протестите.

Инаку по смртта на новороденчето денеска до  министерот за здравство  Фатмир   Меџити , како морален чин оставка официјално ќе поднесе директорот на болницата Алкександар Обедниковски, кој на оваа функција се задржа само една неполна година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*