Don't Miss
Home / Вести / Општината Битола и Левица завршија на суд

Општината Битола и Левица завршија на суд

Денеска, во Основниот суд во Битола почна судскиот процес во кој заменик градоначалникот на Општина Битола Бојан Бојкоски  ги тужи советниците на Левица,  Горан Велевски и Гаврил Трајковски за клевета.
Повод за тужбата се изјавите на  советниците на Левица,  Велевски и Трајковски,  дека во периодот од 20 јануари до 22 ноември, Општината Битола од општинскиот буџет за ресторански и хотелски услуги потрошила  1.322.207 денари, а на дел од сметките бил потпишан заменик градоначалникот на Битола,  Бојан Бојкоски.Рочиштето се одржа откако советниците на Левица не прифатија да му се извинат на Бојкоски, за изјавите дадени во јавноста, каде се трошат општинските пари.
Следното рочиште е закажано за 5 јули.

Преземено од Слободен печат

Текст и фото: Васка М.Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*