Don't Miss
Home / Вести / Петар Ставрев:Маратонот продолжува

Петар Ставрев:Маратонот продолжува

        При секој јубилеј освен што се испракаат честитки за натамошен успех, се наметнува потреба и да се евоцираат одредени спомени за она што било основно мото во работата, да се набележат постигањата, а можеби и да се даде потстрег и стимул како сите тие досегашни успеси да се насочат за нови постигања и подобри резултати. 

Ако во оваа прилика може да се нагласи дека новинарството е маратон во кој победнкот треба да биде вистината и точноста, кон која може да се додадат демократичноста, човековите права и остнатите демократски атрибути, тогаш може да се каже дека сето тоа било пристуно во  Битолски весник , кој успеа да ги пренабрегнува сите тешкотии што му се испречуваа на патот.

Овој медиум успеа сето тоа да го надмине и да го одржи на висина од поголем број негови автори и други лица што поминаа низ раководните, новинарските и административните вработени.

Секој од нив има свои заслуги и придонеси што Битолски весник и ги исполува и потврдува сите тие позитивни насоки .

Како млад новинар во Радио Битола, кој ги впиваше сите позитивни насоки од повозрасни и поискусни новинари бев радосен што се подготвува за старт печатен медиум во кој сакав да ги исполнам сите мои младешки апетити и да станам респектабилен и читан новинар кој ке ги потврди литературните капацитети од Учителската школа каде за секоја писмена работа добивав “петки”. Но, при подготовката на првите броеви поискусните новинари сакаа да го свртат вниманието на читателите со стекнатите авторитети, а подоцна да се вклучиме ние помладите.  Така во весникот во број “четири” ми се објави првиот текст со наслов „Успешен почеток”.  Сега веке не знам на чиј успешен почеток се однесуваше тоа, но затоа со мои исклучоци тоа мое учество во “Битолски весник” и го оценувам како успешно додавајки го кон тоа и фоторепортерското ангажирање и се друго што ја надополнува оваа професија за која во 2022 год. од страна на општината Битола по повод 4ти Ноември – Денот на ослободувањето на градот ми бесе доделена највисоката награда за животно дело и тоа доделена во дваесетти пат меѓу низата претходници добитници на наградата од разни области.

Битолски весник беше и останува мојата голема љубов иако сум објавувал текстови во многу некогаш реномирани југословенски, а подоцона и македонски медиумски куки.  Ми се објавувани интервјуи, репортажи, патеписни средби, разговори, вести во сите области во дневни, неделни и месечни весници и списанија, написи во радија, телевизии подготвувајќи и многу монографии, фотоизложби за кои сум добивал признанија и награди, но секој поединец кога ќе ме сретнеше и ми речеше дека му се бендисал мојот “текст” во „Битолски весник” посебно бев радосен, дури и после пензионираното, за што мојата жубов кон овој медиум никогаш не престанува, туку ме поттикнува и натаму да сум учесник во маратонот каде нема победник, за што жарот и чесноста што ја практикував во мојата животна професија: новинарството, фотографијата и планинарењето на кој ги надодавам хронологиите на мојот град и неговите граѓани и натаму ме прават неуморен и инспиративен да “работам” и да ја потврдам девизата “еднаш новинар – потоа цел живот новинар”. 

Затоа и на Битолски весник му посакувам никогаш да не згасне жарот, не само мојот кон него, туку и на другите што биле дел од овој респектабилен медиум, кој  за разлика од многуте што излегуваа во Републиката и згаснаа тој и натаму опстојува на сите свои концепциски замисли да биде весник за почит.

  Не застануваме – маратонот продолжува.

Петар Ставрев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*