Don't Miss
Home / Вести / Поддршка и честитки за јубилејот

Поддршка и честитки за јубилејот

               

        Денес, сабота, 29 април, Битолски весник ќе го одбележи својот роденден, 59 години од излегувањето на првиот број.

        Во пресрет на  роденденот во редакцијата на Битолски весник деновиве примивме голем  број на пораки со поддршка и честитки за нашето опстојување.

        Покрај големиот број читатели, претплатници,  роденденот ни го честитаа и сопствениците на сите весници кои членуваат во Асоцијацијата на печатени медиуми: Нова Македонија, Слободен печат, Вечер, неделникот Фокус, Коха, локалниот весник од Прилеп, Зенит, Штипски весник, Штип,  голем број новинари, уредници, стопанственици, наши соработници… Славјанскиот универзитет…

         Да се остане и опстане на медиумскиот простор, особено во областа на печатените медиуми е навистина вистински подвиг.

        Битолски весник покажа и докажа дека кога се има желба, визија, ентузијазам, љубов кон медиумот… нема пречки кои не можат да се совладаат да опстане Весникот.

        Битолски весник треба да им биде пример на  голем број  медиумски куќи и редакции од печатените медиуми  дека сите оние кои им го предвидуваат крајот на весниците и кои велат  дека  тие треба да згаснат  и да се префрлат на електронско новинарство, се во заблуда и дека има перспектива за печатените медиуми.

        Ова е главната порака која ја  добивме во пораките и честитките кои деновиве ни ги упатија по повод роденденот  на  Битолски весник, 59 години од излегувањето на првиот број.

        Искрени честитки за роденденот и уште долго да опстојуваме  добивме и од нашите верни читатели од Европа, САД, Австралија.

        Во неможност на сите поединечно да им се заблагодариме, ние на овој начин,  им се заблагодаруваме на искрените честитки  за  нашиот 59-ти роденден.       На сите  ним им благодариме за убавите зборови и честитки и поддршката која ни ја даваат да истраеме на патот, кој пред 59 години  први го трасираа првиот главен и одговорен уредник Владо  Ласковски и иницијаторот за издавање на Битолски весник, Иван Гиновски со ветување дека Битолски весник, кој има само ден на раѓање  уште долги години  и децении ќе опстојува и излегува на медиумскиот простор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*