Don't Miss
Home / Вести / Ѓероска со нејзината “Про Локал” им ги собра парите на спортските клубови

Ѓероска со нејзината “Про Локал” им ги собра парите на спортските клубови

               

        Деновиве Општината Битола, водејќи се од својата “транспарентност” ги соопшти резултатите од одобрените апликации за спортските манифестации и клубови.

        Според резултатите најмногу средства од страна на Општината и се доделени на невладината организација “Про Локал” на чие чело е Емилиа Ѓероска која доби 430.000 денари  за проектот ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА МЛАДИТЕ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ ПРЕД НОСИТЕЛИТЕ НА ОДЛУКИ НА ЛОКАЛНО НИВО

 – Подносител: ЗДРУЖЕНИЕ ПРО-ЛОКАЛ. Побарано од општина Битола 580,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 430.000.00 денари.

Инаку ПроЛокал, во својата прорама и во Статутот нема предвидени никакви активности.

Согласно Статут, ПроЛокал е доброволно и непрофитно, непартиско и невладино здружение кое работи на подобрување на условите за живот на граѓаните и севкупен одржлив развој на општеството. ПроЛокал ја заснова својата работа на добрата интернационална пракса водејќи се од принципите на демократичност и вклученост. ПроЛокал делува во различни области притоа генерирајќи идеи и практични решенија за унапредување на развојот на локалните заедници, локално владеење, децентрализација, регионален развој, вклученост на граѓните, рурален развој, развој на одржлив туризам. ПроЛокал вбројува над 15 експерти од горенаведените области кои работат на различни проекти финансирани од домашни и странски донатори.

Ваквата распределба на средствата предизвика огромен револт не само кај клубовите и спортистите, туку и кај битолската јавност.

Инаку претседателката на “Про локал” со која претседава Емилиа Ѓероска е блиска до ВМРО-ДПМНЕ.

Нејзиниот сопруг Марјан Героски во мандатот на Владимир Талески беше секретар на Општината.

1.1 ОДОБРЕНИ АПЛИКАЦИИ ЗА СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ

1. МЕЃУНАРОДЕН ВЕЛИГДЕНСКИ КОШАРКАРСКИ ТУРНИР БИТОЛА 2023 – Подносител: КОШАРКАРСКИ КЛУБ МЛАДОСТ. Побарано од општина Битола 150,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрeни 50,000.00 денари.

2. BITOLA OUTDOOR FESTIVAL 2023 – Подносител: ЗДРУЖЕНИЕ БОФ БИТОЛА. Побарано од општина Битола – 420,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 80,000.00 денари.

3. ГРАДСКО ПРВЕНСТВО ВО ТЕНИС БИТОЛА ЗА 2023 – Подносител: ТЕНИСКИ КЛУБ ЧАКУЛЕСКИ. Побарано од општина Битола 40,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 20,000.00 денари

4. ПЕЛИСТЕР ДАУНХИЛ КУП – Подносител: ВЕЛОСИПЕДСКИ КЛУБ ЕКСТРИМ БАЈК ТИМ. Побарано од
општина Битола 430,804.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 80,000.00 денари.

5. БИТОЛА 2023 – Подносител: ВЕЛОСИПЕДСКИ КЛУБ ПЕЛИСТЕР – 15 Мај. Побарано од општина Битола 400,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 60,000.00 денари.

6. НОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ – Подносител: СОЈУЗ ЗА МЛАДИ И СПОРТ НАЦИОНАЛНА
МРЕЖА ЗА СПОРТ И МЛАДИ. Побарано од општина Битола 100,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 10,000.00 денари.

1.2 ОДОБРЕНИ АПЛИКАЦИИ ЗА УЧИЛИШЕН СПОРТ

1. ГОДИШНИ АКТИВНОСТИ НА УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ СПОРТ – Подносител: УНИВЕРЗИТЕТСКА СПОРТСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА. Побарано од општина Битола 500,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 300,000.00 денари.

1.3 ОДОБРЕНИ АПЛИКАЦИИ ЗА СПОРТ ЗА СИТЕ

1. ЈОГА ЗА СИТЕ – Подносител: ЈОГА ЦЕНТАР ЗДРАВЈЕ И ХАРМОНИЈА. Побарано од општина Битола 60,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 20,000.00 денари.

2. ГРАДСКА ЛИГА ВО БАСКЕТ 3Х3 – Подносител: МАРЈАН ЉАМЧЕВСКИ. Побарано од општина Битола – 292,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 30,000.00 денари.

3. ЈОГА ОД 8 ДО 88 – Подносител: ОЛИВЕРА ВЕЉКОВИЌ. Побарано од општина Битола 60,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 20,000.00 денари.

4. ПОДДРШКА НА СПОРТОТ ВО БИТОЛА – ПОдносител: БОКСЕРСКИ КЛУБ БИТОЛА. Побарано од општина Битола 40,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 10,000.00 денари.

5. ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ ИМПЕРАТОР – Подносител: ЕНЕРЏИ СПОРТ Битола. Побарано од општина
Битола 124,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 20,000.00 денари.

1.4 ОДОБРЕНИ АПЛИКАЦИИ ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

1. СПОРТСКА ТРКА – Подносител: МАЈА АТАНАСОВСКА. Побарано од општина Битола 150,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 80,000.00 денари.

1.5 ОДОБРЕНИ АПЛИКАЦИИ ЗА НАТПРЕВАРУВАЧКИ СПОРТ

1. МЕЃУНАРОДЕН ТАНЦОВ СПОРТСКИ НАТПРЕВАР БИТОЛА ОПЕН 2023 – Подносител: ТАНЦОВ КЛУБ СТЕП
АП. Побарано од општина Битола 300,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 60,000.00 денари.

2. ПРОФЕСИОНАЛЕН МОУНТАИН ВЕЛОСИПЕДИСТ/СПОРТИСТ – Подносител: ЈОВЧЕ ДАСКАЛОВСКИ. Побарано од општина Битола – 60,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 50,000.00 денари.

3. ПЕЛИСТЕР ПИН – Подносител: ЖЕНСКИ КУГЛАРСКИ КЛУБ ПЕЛИСТЕР ПИН – БИТОЛА. Побарано од општина Битола 300,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 150,000.00 денари.

4. УЧЕСТВО ВО КАЛЕНДАРОТ НА АКТИВНОСТИ НА ШАХОВСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА РМ – Подносител: ШАХОВСКИ КЛУБ СТЕВО ПАТАКО. Побарано од општина Битола 250,000.00 ден; Комисијата предложи да бидат одобрени 70,000.00 денари.

5. ПИНГ ПОНГ ЗА СЕКОГО – Подносител: ПИНГ ПОНГ КЛУБ ПЕЛАГОНИЈА. Побарано од општина Битола 300,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 40,000.00 денари.

6. ПРОФЕСИОНАЛЕН МОУНТАИН ВЕЛОСИПЕДИСТ/СПОРТИСТ – Подносител: БОЈАН ЈОВЧЕВСКИ. Побарано од општина Битола 30,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 20,000.00 денари.

7. ЈУНИОРСКИ ПОРТОКАЛОВ ТЕНИС – Подносител: ВЛАДИМИР ЧАКУЛЕВСКИ. Побарано од општина Битола 20,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 10,000.00 денари.

1.6 ОДОБРЕНИ АПЛИКАЦИИ ЗА МЛАДИ

1. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА МЛАДИТЕ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ ПРЕД НОСИТЕЛИТЕ НА ОДЛУКИ НА ЛОКАЛНО НИВО – Подносител: ЗДРУЖЕНИЕ ПРО-ЛОКАЛ. Побарано од општина Битола 580,000.00 денари. Комисијата предложи да бидат одобрени 430,000.00 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*