Don't Miss
Home / Вести / Продолжуваат препукувањата и обвинувањата во Битола помеѓу градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска

Продолжуваат препукувањата и обвинувањата во Битола помеѓу градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска

       

         Во Битола и натаму продолжуваат препукувањата и меѓусебните обвинувања меѓу градоначалникот на Битола,  Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска.

-Советот на Општина Битола функционира беспрекорно во полн состав и капацитет. Советот ги носи сите одлуки кои се во негова надлежност, како на седници, така и преку работата на своите комисии и тела. Но, проблемот се појавува кога градоначалникот Тони Коњановски и неговата екипа, се обидуваат да изигруваат Совет и да наметнуваат свои желби и амбиции преку Советот, на моменти прават обиди да го заобиколат Советот, за на крај откако Советот им даде јасно до знаење во многу наврати, дека ваквото однесување е недозволиво и неприфатливо, да се обидат целата вина за нивната неспособност да раководат со Општината Битола да ја префрлат врз Советот-истакна на денешната прес-конференција, претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, која на прес кнеференцијата која ја одржа денеска  упати остри критики за работата и однесувањето на градоначалникот Тони Коњановски и го повика него  наместо да се занимава со решавањето на проблемите на другите општини, каде што е присутен во последно време, да ги реализира проектите што се изгласани од Советот на Битола и за кој се предвидени средства од општинскиот буџет.  

    -Го повикувам градоначалникот Коњановски да престане да се жали по прес-конференции дека Советот не му одобрил средства.Сакам да нагласам дека Советот на Општина Битола . Градоначалникот  Коњановски најмалку треба да се жали  дека немало средства за културните настани, кога истата програма тој ја предложи и самиот предвиде за културата да се издвојат 20 милиони денари, меѓутоа  никој не му е виновен што тој во првите три месеци по тоа што го видовме од кварталниот извештај потрошил  дури 16 милиони денари, истакна претседателката на Битолскиот Совет, Габриела Илиевска на денешната прес-конференција, на која нагласи дека Советот ниту досега блокирал, ниту отсега ќе блокира добри проекти и одлуки за градот.

        Возвраќајки на таквите обвинувања  градоначалникот на Битола, Тони Коњановски нагласи.

– За резултатите од моето работење сведочат реализираните проекти. Тие се реалност во инфраструктурните проекти што се работат на 16 локации и реализацијата на општинските програми за уредување на градежно земјиште, програмата за економски развој, која се однесува на проектното планирање и подготовка на нови проекти, програмите за социјална заштита, спорт и млади, култура. За разлика од мојата работа како градоначалник и посветеноста на општинската администрација, веќе неколку месеци сведоци сме на непочитување на законите и манипулации на штета на граѓаните, кои произлегуваат токму од претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска, истакна на прес-конференцијата градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

        Тој притоа нагласи дека секогаш во неговото  работење имал доблест да изрази благодарност за одлуките кои ги носи Советот на Битола, но само кога преку позитивни одлуки, Советот одлучува во интерес на граѓаните.

      -Деструктивната политика, непознавањето на работата и законите кои се манифестираат од страна на претседателката Илиевска, не и дава право да зборува и носи заклучоци во име на целиот Совет, каде има исклучителни професионалци со високи познавања во различни области. Со целата моја посветеност, во досегашниот период, упорно настојувам да им укажам на сите советници дека единствен начин за напредок на Битола е конструктивноста и оставањето на политичките амбиции настрана од интересите на градот. Како што многупати нагласив, нема да дозволам проектите да бидат заложништво на поединци кои за време на секоја локална самоуправа единствено што знаат е да критикуваат наместо да даваат предлози и да управуваат. Критиките како самоодбрана неможат да ги излажат граѓаните, затоа што единствен доказ за успешноста е работата на терен- рече на прес конференцијата градоначалникот Тони  Коњановски.

        Во врска со обвинувањата на опозицијата за прекумерното трошење на буџетските пари за културата реагираше и владеачката партија ВМРО ДПМНЕ.

        -Во недостаток на аргументи СДС продолжува со лични дискредитации, сатанизирање на уметници пропагирајќи ја нивната позната теза дека културата во Битола се користи за перење на пари, рече на денешната пресконференција советничката од ВМРО ДПМНЕ Анета Ѓоргиевска, која ја повика опозицијата јавно да излезе со докази за наводен криминал и  праша  дали со тврдењата опозицијата  сака да каже дека во последните 20 месеци во пералната на пари учествувал и Симон Трпчевски, Меморија, Каролина Гочева, МКЦ Битола, Француската алијанса, НУ центар за култура, НУ Народен театар Битола, Владимир Костов, камерни и симфониски оркестри, театри од земјава и светот и уште стотици уметници поддржани од Општина Битола? изјави Анета Горгиевска на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*