Don't Miss
Home / Вести / Донација на Ротари клубот од Шведска за гинеколошкото одделение во Битолската болница

Донација на Ротари клубот од Шведска за гинеколошкото одделение во Битолската болница

Ротари клубот Дјуршхолм од Стокхолм, Шведска во соработка со Ротари клуб Битола донираа опрема за гинеколошко-акушерското одделение при Клиничката болница-Битола.

Опремата е за хируршко отстранување на пред-канцерозни промени на грлото на матката и микро-инвазивен канцер на грлото на матката.

-Станува збор за донација обезбедена преку битолчанката, специјалист доктор Лилјана Кочоска Мареш а ќе служи за рано откривање, дијагностика и лекување за еден од четирите водечки карциноми кај жената а тоа е цервикалниот карцином. Донацијата е во време кога борбата со гинеколошките карциноми е се погласна и кога секоја година во нашата држава, во просек има 150 жени кои се јавуваат како нови случаи на заболени. Со донацијата на Клиничка болница-Битола и е овозможено да ги следи светските трандови и учествува во подигнување на свеста за борба против гинеколошките карциноми за нивно лекување, дијагностика и отстранување со миимална инвазивна технологија-истакна директорката на Клиничката болница Битола д-р Елизабета Ивановска.

Според д-р Лилјана Кочоска Мареш, претставник на  Ротари клубот Дјуршхолм од Шведска, со новата опрема ќе се придонесе да се отстрани користењето на нож и жената поликлинички да се третира.

-На овој начин се обезбедуваат и финансиски заштеди, апаратите што ги дониравме ќе помогнат при абдоменални, акушерски интервенции и пациентката кратко време да биде задржана во болница-нагласи Кочоска Мареш.

     Според гинеколозите превентивните прегледи се најважното нешто за рана детекција, превенција и откривање на промени на грлото на матката.

Велат дека голема улога имаат и кампањите за подигнување на свеста кај жените за навремено откривање на пред канцерозните состојби за да може успешно да се лекуваат.

Инаку, денешната донација во Клиничката болница во Битола  е дел од проектот за здравјето на жената во Македонија: Превенција од рак на грлото на матката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*