Само што го најавиваме одржувањето на традицоналната манифестација на Битолски Весник ” Избираме најусепшни битолчани “, во редакцијата на Битолски весник веќе почнаа да пристигнувата првите гласачки купони.
Во нив се предлагаат кандидатите за добивање на некое од признанијата.
На годинашната Манифестација, која е 24 по ред ќе бидат избрани најуспешните битолчани за претхдоната година во областите на политиката, образованието, културата, спортот, невладините организации, бизнисот, економијата, новинарството, естрадата…
За оваа Манифестација битолчани со право велат дека е вистински бренд на градот.
Во изминатите 23 години доделени се над 900 награди. Годинава кон оваа аимпозантна бројка ќе се придружат уште триесетина битолчани кои со своите резултати се афирмирале себеси , но ја афирмирале и Битола.