Don't Miss
Home / Вести / И цртежите на децата ги (с)нема од Детското одморалиште на Пелистер

И цртежите на децата ги (с)нема од Детското одморалиште на Пелистер

                       

            И годинашниот зимски распуст заврши за учениците.Од понеделникот тие повторно се вратија во ученичките клупи. Но за жал децата од Битола  и по 9 години, откако привремено беше заклучено Детското одморалиште Пелистер и оваа зима немаа можност да уживаат во детскиот џагор и чистиот воздух во ова, некогаш најпосетено одморалиште, во  кое зимските одмори ги поминуваа илјадници деца, не само од Битола, туку и од Републиката.                        

            Повозрасните битолчани добро се сеќаваат. Порано пред секој зимски распуст битолските родители мака мачеа како да ги запишат  своите деца да зимуваат  на Пелистер.

Интересот за зимување во одморалиштето  и скијанје  на Пелистер беше  огромен. Не само од Битола, туку и од другите градови во Македонија интересот за престој на Пелистер, особено во зима беше  далеку над капацитетот на одморалиштето. Тие години се користеа секакви врски за да се дојде до легло на Пелистер.

 Покрај од Битола во Детското одморалиште Пелистер зимуваа деца и  од Прилеп,  Скопје, Чаир, Шуто Оризари, Куманово, Кратово, Пробиштип, Радовиш, Струмица Св. Николе,Тетово, Гостивар, Кичево,  Кочани. Покрај од Битола, најголемиот број од нив беа деца и од Велес и скопската населба Петровец, кои на Пелистер  во  организација на Министерствата за труд и социјала и екологија доаѓаа на рехабилитација, по труењето што го имаа преживеано од Топилницата во Велес  и рафинеријата Окта, да  ги наполнат своите бели дробови со свеж и чист пелистерски воздух

Поопширно во печатеното издание на Битолски весник од среда 24 јануари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*