Don't Miss
Home / Вести / Ставен во функција ГИС системот на општината

Ставен во функција ГИС системот на општината

Општина Битола е во напредна фаза на реализација на проектот за дигитализација на општината.

Ова го истакна градоначалникот Тони Коњановски, на денешната прес конференција, кој изјави дека  од денес, официјално ставен е во функција ГИС системот (https://gis.bitola.gov.mk/nexuspublicportal/PublicPortal/Map) и дека моментно  се работи на тестирање на системот за електронски постапки кој треба да го замени хартиеното водење на документација со електронско, а за многу скоро, општината ќе ја активира и услугата за електронска наплата на данок на имот.

-Како локална самоуправа, уште со доаѓањето, јасно и недвосмислено го истакнавме нашиот стремеж кон дигитализирање на општинските услуги, поедноставување на постапките и поголема достапност и транспарентност. Ова произлегува, како од надлежностите на Општината, така и од Стратегијата за локален економски развој која ја изготвивме, а истовремено е во согласност со програмата за активностите на Општина Битола во областа на развојот на информатичко-комуникациската технологија во институцијата. Пренесувањето на административниот процес во електронска форма овозможува подобрување на ефикасноста и брзината на работа во општината. Електронските бази на податоци на кои се работеше во изминатиот период, ќе помогнат во полесно проследување на документите, како и во поефикасна комуникација помеѓу администрацијата и граѓаните. За реализација на наведените цели, спроведовме постапка за набавка на интегриран ГИС систем и систем за електронски постапки. ГИС системот е веќе достапен за граѓаните, системот за електронски постапки е во фаза на тестирање пред финалното ставање во употреба, а веќе работиме и на систем кој ќе создаде можност за електронска наплата на данокот на имот, услуга за која граѓаните со години реагираат, поради неможноста да ја регулираат обврската електронски.Системот за електронски постапки кога ќе биде ставен во функција ќе овозможи електронско водење на постапките кои се во надлежност на општината, а со тоа ќе ја зголеми ефективноста и ефикасноста на институцијата, истакна градоначалникот Коњнаовки, кој притоа нагласи дека ГИС платформатаза управување со урбанистичко-планска документација и други просторни инфраструктурни податоци,  ќе ја унапреди ефикасноста и точноста во работата на општината и комуналните претпријатија кои се во нејзина надлежност, ќе ја зајакне комуникацијата со другите претпријатија, бизнис заедницата и граѓаните, а ќе овозможи и исполнување на законските обврски.

Од  аспект  на  локалната  самоуправа,  ГИС  системот  е  база  на  сите  информации   што  треба  да  се  поседуваат  во  еден  современ  град  или  општина  за  да  бидат  ефикасно управувани.  Дополнителна  корист  од  воспоставувањето  на  ГИС  системот  е  неговото несомнено влијание  врз   зголемување   на   електронската   размена   на   податоци  меѓу вработените во општинската администрација. Врз тој основ за работите од јавен интерес кои се од локално значење за Општината Битола, неопходно е вклучување на просторната компонента во секојдневните работни процеси.

Имплементираниот ГИС систем ќе овозможи целосна дигитална трансформација во урбанистичкиот сектор, централизираност на сите урбанистички податоци и нивна визуелна презентација на мапа, а со самото тоа лесно и брзо управување со целокупната урбанистичка документација.Податоците што се во сопственост на Општина Битола, а се изработени согласно општите современи ГИС стандарди, како и податоците за кои општината има набавено права за нивно јавно објавување достапни се преку функционалниот ГИС портал. Објавените податоци се набавени од официјални институции, просторни планови од АКН, сателитска снимка, усвоени ГУП и ДУП – ови од Општина Битола, одделението за спроведување на урбанистички планови.ГИС – порталот овозможува лесно и брзо прегледување и пребарување на неограничен број на корисници преку интернет, транспаретно информирање на сите граѓани на Општина Битола за просторното уредување на град Битола (преглед на цела планска документација), електронска размена на податоци за сите јавни претпритатија, планери, проектанти, геодети и изведувачи на инфраструктурни градби, лесно планирање на површини и траси за инфарструктура, планирање на опфати за урбанизација и други можности во зависност од потребите и работните задачи на службите на Општина Битола. Внесените податоци се репрезентираат во ГИС со точна географска компонента што е од суштинско значење во смисла на применливост на податокот. Притоа, надлежните служби и одговорните лица од општината и јавните претпријатија ќе можат да ги следат сите активности на терен. ГИС платформата треба да придонесе за осовременување на работењето на администрацијата и овозможување на брзи и транспарентни услуги кон граѓаните. Воспоставувањето на системот за интегрирано управување со просторната инфраструктура треба да овозможи на различни групи на корисници контролиран пристап до податоците од електронскиот регистар во Internet/Intranet околина, да го подобри имиџот на општината и да ја промовира употребата на современи софтверски решенија во управувањето со просторот.

ГИС порталот постојано ќе се надградува, а во моментот овозможува:

  1. сателитска снимка на град Битола, (орторектификувана во координатен систем)
  2. просторни планови од АКН на градот Битола, кои содржат катастарски парцели и евидентирани објекти.
  3. важечки ГУП за Општина Битола од 1999г и блоковска поделеност на градот
  4. сите усвоени  ДУП-ови и друга планска документација (како Општи акти за селата, Урбанистички проекти, ЛУПД АУП-еа и др) геореференцирани врз просторните подлогите од АКН
  5. подлога за Старото градско јадро со контактните зони на град Битола
  6. можност за брзо-електронско издавање на Извод од Урбанистички план или Уверение за градежен реон

Накратко, ГИС системот овозможува автоматизација на работните активности, а транспарентноста кон граѓаните се зголемува на начин што секој граѓанин може да пристапи на ГИС системот преку Јавен Портал – веб страната на Општина Битола при што има пристап до општите податоци за сите урбанистички планови на Општината на ниво на информативен карактер.

Ова е навистина голем чекор напред, од кој верувам дека бенефит ќе имаат сите граѓани, за што им сум многу благодарен на вработените од општинската администрација кои се дел од Комисијата задолжена за дигитализација на општината“, рече градоначалникот Коњановски на денешната прес конференција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*