Don't Miss
Home / Вести / Заради политички суети и непромислени потези Битола (из)губи милиони евра европски пари

Заради политички суети и непромислени потези Битола (из)губи милиони евра европски пари

           

            По речиси 1 година  меѓупартиски расправии, дебати, обвинувања, натегања…  деновиве, по одлуката на мнозинствто на Советот, кое во моментот го сочинуваат советниците на Коалицијата на СДСМ, незавсната советничка листа Поинаку и Левица, да не ги стават на дневен ред точките предложени од страна на градоначалникот Тони Коњановски и советничкатагрупа на ВМРО ДПМНЕ , за усвојување на измената на одлуката за кофинансирање на европскиот проект Смарт фор ју ту”, и со тоа да дадат шанса за искористување на одобрените европски средства за изградба на велосипедските патеки, дефинитивно паднаа во вода сите  надежи Битола барем во блиска иднина  да добие велосипедски патеки и да се изврши реконструкција на објектот “ Парк “.      Ниту настојувањата на градоначалникот Тони Коњановски, ни на евро амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир  да ги убедат советниците да се стават точките на дневен ред  не вродија со плод.    Советниците на новото мнозинство останаа доследни на своите ставови   за овие два проекти не само да не се расправа на седница на Советот, туку тие да не бидат ни ставени на дневен ред на седницата на Советот.           По ваквиот расплет на работите од страна на Делегацијата на ЕУ стигна писмо со кое се суспеднира проектот за изградба на велосипедски патеки, со европски пари.          На тој начин Битола изгуби над  околу 400.000 евра европски пари за изградба на велосипедски патеки.           – Новото мнозинство на СДСМ и Поинаку”  имаше можност да стои зад реализацијата на два големи проекти за Битола. Кофинансирање на проектот Смарт фор ју ту” и искористување на одобрените европски средства за изградба на велосипедските патеки, како и проектот за реконструкција на поранешниот ресторан Парк” . По нивната одлука да не ги сават точките на дневен ред на седницата на Советот нивна е “заслугата” за суспендиранјето на европскиот проект,  чија вредност е 400.000 евра.Согласно писмото од Делегацијата на Европската унија, со недонесувањето на Одлука на Советот и нереализацијата на најголемите трошоци во проектот, наменети за изградба на велосипедски патеки, прекуграничниот углед на проектот е сериозно нарушен-изјави по седницата на Советот  градоначалникот на Битола, Тони Конјановски и додаде:- Општина Битола ќе испрати писмо до Делегацијата на ЕУ, во кое што ќе наведеме дека сме спречени да продолжиме со реализација на проектот и како водечки партнер ќе информираме дека со ваквата ситуација нема можност за реализација на проектните цели, првично планирани на ниво на партнерство, кај сите вклучени страни, врз кој основ и бил одобрен проектот., изјави  градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.  Во писмото кое Европската делегација го испратила до градоначалникот Тони Коњановски на 6 февруари стои дека временскиот рок за плакање е суспендиран од Општите услови на договорот, со цел да се добијат дополнителни информации поврзани со реализацијата на проектот.     -Во привремениот извештај кај повеке активности е забележано значително задоцнување. Најсериозните доцнења се внесени во активноста Изградба на систем за велосипедски патеки.Според последните информации добиени од проектниот менаџер, а поради континуираното отсуство на одлука на Советот на општината за кофинансирање на истото, изгледа многу веројатно дека оваа активност нема да се реализира воопшто. Освен тоа во финансискиот извештај што го доставивте, за оваа активност за тековната година сепак имате предвидено да потрошите 279.843 евра стои во писмото од ЕУ. Делегацијата бара јасни информации за статусот и времето на спроведување на секоја од проектните активности. Бара одговори кои активности се започнати и се во тек (со предвиден датум на завршување), а кои с уште не се започнати со предвиден датум на започнување и завршување и сето тоа најдоцна до 20 февруари, што значи оваа недела .Откако мнозинството одби да расправа за проектот, градоначалникот Тони Коњановски ги обвини СДСМ и Поинаку” дека  се против изградба на вело патеки во Битола.-Новото мнозинство составено од СДСМ “Поинаку и покрај моите заложби за разумност, одлучи да биде против изградба на велосипедски патеки и реконструкција на ресторанот Парк. изјави  градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Суспендирањето на прекуграничниот европски проект Смарт фор ју ту”, покрај тоа што  ќе ја чини  Битола 400.000 евра изгубени европски пари   негативно ќе се одрази и врз реализацијата на проектите  во Корча и Пустец, Албанија, како и НУ Заводот и музеј, Младинскиот културен центар од Битола, кои беа дел од овој прекуграничен проект.-На овој начин, не само што изгуби Битола, невладиниот сектор и националната установа од нашиот град, за жал, во целосна неизвесност, новото мнозинство во Советот ги стави и нашите партнери и соработници од Пустец и Корча, Албанија, истакна Коњановски -Дали новото мнозинство размислува каква слика остава на меѓународно ниво? Која ќе биде идната сериозност на Општината Битола за реализација на нови проекти? На ваквите изјави на градоначалникот Тони Коњановски од СДСМ возвратија дека исклучив виновник за неуспехот на овој проект е  градоначалникот   Коњановски. -Велосипедските патеки Коњановски може да ги почне веднаш!!! Годинава има 5.000.000 денари за таа намена во буџетот на Општина Битола!Поранешниот објект  Парк, Коњановски може да започне да го реновира уште утре. Министерката за култура  Бисера Костадиновска Стојчевска обезбеди пари. Вистината е дека Коњановски нема ништо да направи! Како што не направи училиште, стационар, Копанки, спортски комплекс…

Вистината за “Парк” и за велопатеките е долга и широка и ќе излезе на виделина велат од СДСМ.Со неставањето на дневен ред на точката најверојатно ке пропадне и реализацаијата на проектот “Парк”, за кој неодамна министерството за култура издвои 150.000 евра.Така Битола за двата преокти ќе загуби најмалку 50.000 евра, европски и државни пари.Инаку  недоразбирањата  помеѓу   градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и Советот почнаа по разијдувањето со претседателката на Советот, Габриела Илиевска која му откажа лојалност, затоа што тој со своите служби наводно  на своја рака, без одлука на Советот донесол  одлука поради зголемените  цени и трошоци,  средствата од проектот  “Смарт фор ју ту”,  од ЕУ наместо за реконструкција на објектот “ Парк” да се искористат за изградба на велосипедски патеки.За пренамената на парите Општината Битола  добила зелено светло и од ЕУ и беше потпишан анекс договор меѓу локалната самоуправа и Делегацијата на ЕУ.Но оној момент кога градоначалникот Коњановски се обиде анекс договорот да го стави на дневен ред на  Советот советниците од новото мнозинство одбија да го направат тоа и на градоначалникот Коњановски му поднесоа кривична пријава до ОЈО Битола, против кого во моментот се води предистражна постапка.

Со цел да се решат недоразбирањата  се обиде да посредува евроамбасадорот Дејвид Гир, кој во два- три наврати доаѓаше во Битола и на дипломатски начин се обиде да ги разубеди советниците да ги надминат политичките суети  и  да го решат спорот.Делегацијата на ЕУ испрати писмо до претседателката на Советот Габриела Илиевска и дел од советниците  во кое пишуваше-Активноста Реконструкција на постоечката зграда  на објектот ПАРК” во Битола” како дел од проектот 42 прекугранична соработка беше модифициран бидејќи, водечкиот апликант, немаше доволно средства за реконструкција на оваа зграда, воглавно поради неодамнешните покачувања на цената. Како резултат на тоа, водечкиот апликант, предложи, наместо тоа, основање на систем од велосипедски патеки во градот Битола.

После проценката на оправданоста и ревизијата, Делегцијата го дозволи овој амандман, кој подлежи на одредени услови, бидејќи одговара на слични иницијативи низ Европската унија, каде туристите можат да изнајмуваат (со наплата или бесплатно) велосипед и да посетуваат локални знаменитости.Се надеваме, дека, предвидените финансиски средства ќе бидат употребени на начин на кој граѓаните на Битола, ќе имаат бенефит од алокацијата и се надевам на негово завршување”, стоеше во писмото на  евроамбасадорот Дејвид Гир, испратено до претседателката Илиевска,  и до советниците од општинскиот Совет. Инаку ова не е прв пат Битола да губи европски пари заради непромислени и избрзани  потези и политички суети.      Во 2007 година Нациналниот парк Пелистер изгуби над 1,8 милиони швајцарски франци поради непромислени потези на тогашното раководство на Паркот.        Имено во 2006 година  Националниот парк  Пелистер имаше потпишано Договор со Швајцарската амбасада за  нивно вложување  од  над 1,8 милиони швајцарски франци во Националниот парк Пелистер. Со тие средства беше предвдиено да се изработат бројни проекти за развој на туризмот на Пелистер. Во потпелистерското село Маловишта требаше да се изгради туристичка населба  со бунгалови,  за развој на рурален туризам,  во сите потпелистерски села да се финансираат и поддржат фамилјарните бизниси, за рурален туризам, како во Брајчино, Информативниот центар  да се опреми со нови содржини,  во него да се изградат 4 апартмани за сместување, да се набават возила за сафари тури на Пелистер до езерата, да се изгради колекторскиот ситем и пречистителна  станица, да се постават објекти по патеките  со угостителски и едукативно содржини… и други проекти.          Во договорот  стоеше  дека без согласност на швјацарците  да не се презематат никакви потези во Нациионалниот парк Пелистер.  Но новиот Управен одбор кој беше формиран  веднаш по изборите во 2006 година,  без  воопшто да ги информираат ни консултираат Швацјарците , откако не го убедија да си поднесе оставка  речиси насила го сменија тогашниот директор  на Националниот парк Славко Дамески.          По донесувањето на таквата одлука Швацарците веднаш го стопираа проектот и се повлекоа од истиот, со што Националниот парк  изгуби 1,8 милиони франци. Но новиот УО тогаш ја убедуваше  битолската јавност дека Пелистер ќе го развива и без помошта на Швајцарците и се откажа од парите. Нешто подоцна не само што на Пелистер ништо не се градеше туку започна невидено уништување на Националниот парк Пелистер  и масовно сечење на дрва.      Ова е втор пат Битола да губи европски пари поради непромислени потези на        По неуспехот на европскиот проект “ “Смарт фор ју ту”  во локалната самоуправа стравуваат дека Битола за подолго време ќе  биде ставена на стенд бај кога станува збор за користењето на европските пари за реализација на меѓугранични проекти.    

    Менде Младеновски 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*