Деновиве Советот на Битола по втор пат одобри да се дадат простории од месните заедници за пензионерски клубови.
Мнозинството во општинскиот советот го прифати барњето на Здружението на пензионери од Битола Општината да им отстапи на времено користенње, без надоместок, дел од просториите на месните заедници за да се искористат како пензионерски клубови.
Откако градоначалникотна Битола не ја потпиша таквата одлука, мнозинството советници, на својата нова седница донесоа иста одлука, просториите на месните организации без надоместок да им се отстапат на пензионерските клубови.
Сега останува да се чека дали градоначалникот на Битола ќе ја потпиша новата одлука на Советот.
На Комисијата за финансии и буџет, претставникот од Општина Битола рече дека според Законот за користење и располагање на ствари во државна и општинска сопственост, недвижниот имот Општината може да ги даде само на државни органи и на правни лица основани од државата, а Здружението на пензионери има несоодветна правна форма.
По ова претседателката на Советот, Габриела Илиевска од независната советничка група Поинаку, побара од општината да и достават информација дали претходно им се издавал општински имот на други невладини организации.
-Идентични вакви одлуки се донесени во неколку општини меѓу кои и општината ,,Ѓорче Петров,, каде градоначалник е Александар Стојковски од ВМРО- ДПМНЕ, и во Општина Центар каде градоначалникот е од СДСМ. Ако може да престанеме се да делиме, еве стигнавме очигледно и пензионерите да ги делиме на СДСМ и ВМРО. Тие се луѓе кои живеат во овој град, имаат здружение со голем број членови и сметам дека треба да имаат такви простории. Таквата одлука не се коси со ниеден закон, рече Илиевска.
Мнозинството во Советот во два наврати го изгласа ваквиот предлог кој сега останува да биде потпишан од градоначалникот Коњановски.