За претстојните парламентарни избори во СДСМ конкурирале околу стотина кандидати, кои биле предложени на состаноците во месните организации.
Сега списокот на кандидатите за пратеничките функции е смален на 14 кандидати кои ќе влезт во трката за пратеничките мандати.
Од нив 6 се жени, а 8 кандидати се мажи.
На кандидаските листи, според извори на Битолски весник нема речиси никакви поголеми изненадувања.
Сите кандидати за пратеници им се повеќе или помалку познати на битолската јавност.
Кој од нив ќе ја добие довербата на членството, или на партијата ќе се знае наскоро, бидејки во моментот се вршат анкети и сондидарања на мислењето не само во партијата, туку и меѓу обичните граѓани кои треба да се изјаснат кои од нив ја ужива повеќе довербата кај граѓаните.
Според информации на Битолски весник кандидатите за пратеници кои се предложени и ја прифатиле кандидатурата се договориле да нема задкулисни игри и лобирања,туку членовите на партијата и раководните тела да ги изберат најдобрите кои имаат најголеми шанси да се најдат на листите на кандидати за пратеници во Петтата изборна единица.