Српскиот претседател, Александар Вучиќ по повод националниот празник Ден на државноста одликува повеќе заслужни поединци и институции.
Меѓу Македонците кои добија ордени е и неодамна починатиот екс градоначалник на Битола и почесен конзул на Србија во Македонија,Силјан Мицевски.
Силјан Мицевски, кој беше почесен конзул на Србија во Битола, постхумно доби Орден на српско знаме-трет степен кој се доделува за особени заслуги во развојот на меѓународните односи мегју Србија и другите земји.
Високото постхумоно признание, кое претседателот Александар Вучич му го додели на покојниот Силјан Мицевски на свеченоста го прими неговата сопруга, Виолета Мицевска.