По повеќе од 6 години Собранието на Македонија конечно ја укина забраната за државно рекламирање на приватните електронски медиуми, која власта со закон ја донесе во 2018 година.
По многу натегања, опструкции, противења, притисоци, закани.. од страна на ЗНМ и некои т.н. #еснафски новинарски # организации деновиве Македонскиот парламент усвои законски измени со кои во иднина ќе може „со буџетски пари да се финансираат рекламни кампањи со различни содржини, кои ќе бидат емитувани во електронските медиуми (телевизии, радија, интернет-портали) што се во приватна сопственост”!.
Со измените на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги конечно се брише фамозниот член 102 од Законот, во кој беше наведено дека „државните органи, органите на државната управа, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, јавните установи и институции како и правните лица со јавни овластувања и трговските друштва во целосна државна сопственост не смеат да предвидуваат средства за информирање и запознавање на јавноста со свои услуги или активности преку приватни радиодифузери” и со тоа за централната и за општинските власти повеќе нема правни пречки и може да се рекламираат во приватните радиодифузери.
И додека со донесувањето на ваквите законски измени со кои е избришан спорниот член 102 од Закнот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на сите вработени и сопственици во електронските медиуми конечно им олесни, од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за истражување на општествениот развој (РЕСИС), Институтот за комуникациски студии (ИКС), Центарот за развој на медиумите (ЦРМ), и натаму остро се спротивставуваат на укинувањето на забраната за државни реклами.
Наводно тоа, според нив, ќе значи партиско влијание и зависност на медиумите, односно, вракање на клиентелистичките и коруптивни практики од минатото.
ЗНМ со неговите т.н. еснафски сателити, кои во најголем дел се финансираат од странси донатори и наводни европски проекти, сметаат дека со укинувањето на членот 102 наводно ќе се создаделе можности за корупција на електронските медиуми.
Криејќи се зад превозот за наводната борба против корупцијата и клентелистичкото рекламирање во електронските медиуми, ЗНМ и покрај противењето на членството и на вработените во радијата и телевизиите постојано од петни жили се залагаа да не се изброше членот 102.
Сите укажувања на сопствениците на електронските медиуми дека со постоењето на тој член најголемиот број од електронските медиуми ќе исчезнат од медиумскиот простор, ЗНМ и неговите “еснафски “ сателити, кои се расфрлаа(т) со европски пари ја труеја јавноста дека со бришењето на членот 102 ќе се врати коруцијата во медиумите.
Притоа и покрај барањето на најголемиот број членови на ЗНМ да се испитаат сите претходни корупции во медиумите, електронските и печатените, кога навистина Владата во мандатот на Груевски се расфрлаше со парите на граѓаните за рекламирање на нивни блиски и партиски медиуми, ЗНМ никогаш не ја прфати таквата понуда.
Наместо да се испитаат корупциите во медиумите, кои патем речено главно беа во Скопје и некои регионални телевизии, ЗНМ постојано се залагаше да не се брише членот 102, бидејќи наводно неговото бришење ќе ја врати корупцијата во медиумите.
И така цели 6 години.
Иако за време на средбите, особено пред изборните собранија челниците на ЗНМ, Чадиковски и комапнијата постојано ни говореа дека ја сфаќаат состојбата во која се наоѓаат електронските медиуми тие сепак си тераа по свое и по секоја цена се залагаа членот 102 да не се брише.
Сега ЗНМ ја пее истата песна и вели дека наместо државата да ги помага медиумите крајно време е да се формира фонд за плурализам во медиумите, кој би поддржал квалитетно новинарство и разновидна програмска програма, кој фонд би го трошеле тие од ЗНМ.
Од тој фонд некои медимите би конкурирале со проекти и би добивале пари, кои тие би ги распределувале.
Вака државата според нив не е кредибилна да дели пари на граѓаните за медиумите
ЗНМ иако постојано се повикува дека со останувањето на членот 102 ќе се спречи криминалот во медиумите, никогаш не побара да се испита криминалот во медиумите во изминатиот период и да се посочат медиумите кои во претходниот период беа најблаго речено перални за пари.
Тоа што некои медуми главно од Скпје и неколку регионални телевизии беа инволвирани во криминал не значи дека сите медиум, додека постоеше тој фамозен член 102 беа корумпирани или криминализиирани..
На ЗНМ никој не му забранува да се залага за борба против криминалот. Напротив од најголемиот број медиуми во Македонија ја има целосната поддршка. Но изгледа на ЗНМ не му одговара да се дознаат носителите на криминалите во медиумите.
Но тоа што загрижува е што ЗНМ воопшто не беше и не е заинтересиран за крајно лошата и речиси безнадежна состојба на медиумите во Македонија, кои не само што се пред згаснување, туку и пред исчзнување.
ЗНМ за таквата ситуација воопшто не е заинтересиран.
Главно ЗНМ од средствата што ги добива од европските земји и европските “проекти” убаво живее и затоа главно сите состаноци ги држи по луксузни ресторани.
Затоа ЗНМ и неговите сателити нека не се грижат дали со бришењето на членот 102 ќе се отвори простор за криминал во медиумите..Парите кои ќр се издвојуваат за медиумите се толку минимални што тие ќе бидат довокни само за натамошно битисување на вработенте во медиумите.
ЗНМ нека се замислаи што прави тоа како еснафско здружение за медиумите, кои ги остави на тивко (и)зумирање.
ЗНМ и неговите сателити изгелда мислат дека има професионално и етичо новинарство само во Скопје.
За жал се излагале. Има и те како професионални и етички медиуми и во внатрешноста на државата кои за жал се оставени сами на себе и на умирање на рати или пак да работаат хонорарно за нивните “големи “телевизии бесплатно.