Децата од детската градинка Мајски цвет, ученици од основните училишта Трифун Пановски и секцијата по германски јазик од ОУ Даме Груев, денес ја посетија Општина Битола, каде со прекрасни свои креации и изведби испратија искрени честитки по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.
Дел од нив, придружувани од наставниот кадар, заедно со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, изработуваа осмомартовски честитки, разговарајќи за значаењето на празникот и положбата на жената во минатото и денес.
Додека најмладите честитаа со песна, по повод Меѓународниот ден на жената, градоначалникот Коњановски испрати честитка со желби женскиот успех и напредок да продолжи да расте и да се надградува:
Почитувани пријателки, сограѓанки, соработнички, познанички,
Драги дами,
Успешноста на жените, во годините наназад, континуирано се докажува со Вашата сила и борбеност да се исправите пред сите предизвици, да најдете решенија и цврсто да продолжите напред, како кога станува збор за негувањето на семејните вредности, така и за професионалниот успех и општествениот напредок.
Иако, минатото ја одбележало женската силна борба за еднаквост и рамноправност, денешнината говори за неопходноста од женската вклученост во креирањето политики, стратешкото делување и планирање.
Продолжете, горди, достоинствени, храбри и со многу мудрост да ги мотивирате најмладите и да бидете значаен фактор во креирањето на позитивните промени.
Среќен 8 Март – Меѓународниот ден на жената, стои во честитката на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.