Don't Miss
Home / Вести / Македонски – Чешки бизнис форум во Битола

Македонски – Чешки бизнис форум во Битола

          Денеска во  просториите на новиот хотел на Винаријата “ Лозар “ во Битола, во организација на Регионалната стопанска комора на Битола се одржа Македонско – Чешки бизнис форум.

          На Форумот, на кој присуствуваа и вицепремиерот за инвестиции Фатмир Битики и министерот за индустрија на Чешка, Јозев Сикела,градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, претставници на чешки компании и македонски бизнисмени од Пелагонискиот регион, се дискутираше за можностите за  продлабоцување на соработката меѓу бизнисмените од двете држави.

          Од страна на претставниците на бизнис делегациите беше нагласено дека досегашната соработка на бизнисмените од Македонија и Чешка е доста добра, но дека  сеуште постојат неискористени потенцијали за уште подобра соработка, особено на планот  на земјоделието, овоштарството,млечната индустрија, земјоделската механизација.

Во рамките на форумот  се одржаа повеке тркалезни маси, средби, работни состаноци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*