Општина Битола, продолжува со имплементација на активности, кои значат поттик за афирмирање на младинското учество во Општината. Со ваква цел, со финансиска поддршка од УНДП, Општина Битола го реализира и проектот кој е насочен кон зајакнување на улогата на младите во борба против говорот на омраза и врсничко насилство и разбирање на улогата на Локалниот младински совет и младинското учество во промоција на конструктивни наративи.
Во оваа насока се реализираат и работилниците од проектот кои се насочени кон подобрување на комуникациските вештини, но и тимско делување, креирање на стратегија и план при различни проблемски ситуации.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ги посети работилниците во рамките на проектот, нагласувајќи дека, младинската ангажиранот на овој начин, придонесува за реализација на многу идеи, но и елиминирање на негативните појави во општеството, што беше потврдено и со извештајот изготвен како дел од спроведеното истражување во рамките на проектот.
Меѓудругото, резултатите од истражувањето покажуваат дека младите голем дел од времето го поминуваат на социјалните мрежи, многу често се сретнале со содржини на социјалните мрежи кои претставуваат говор на омраза и изразување деструктивни наративи, не можат со сугурност да препознаат кои од активностите претствуваат говор на омраза и деструктивни наративи, голем дел од нив биле жртви на говор на омраза, биле сведок на врсничко насилство на училиште/ факултет/друго место, имале непријатни телесни реакции како резултат на насилство, се повлекуваат од социјални мрежи или враќаат во иста мера, но би се охрабриле да го пријават насилството доколку постојат соодветни механизами.
Согласно наодите од истражувањето, дадени се соодветни препораки кои треба да се спроведат од страна на образовните и другите институции, но и да ги поттикнат младите да се вклучат во решавањето на младинските проблеми.
За таа цел, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, разговараше и со претставниците на УНДП, за идните форми на соработка, кои ќе значат директна пчоддршка на младински иницијативи.
Општина Битола, во изминатите две години, веќе воспостави активна соработка со УНДП и преку проектите на граѓанските организации кои се реализираат во рамките на Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (РеЛОаД2), а младинската иницијативност отвора нови перспективи во стратешкото делување и создавање подобри услови за живот на младите.