Don't Miss
Home / Вести / Привршува поставувањето на топловодот на првиот дел од улицата „Партизанска“

Привршува поставувањето на топловодот на првиот дел од улицата „Партизанска“

Привршува поставувањето на топловодот на првиот дел од улицата „Партизанска“, на потегот од крстосницата Триангл до крстосницата кај Ловец, информираат од ЕСМ Топлификација Битола.

По асфалтирањето на делницата, продолжува изградбата на кракот од топловодот по улицата „Партизанска“.

Паралелно, на другата страна од градот, започнаа активностите за изградба на кракот од топловодот по улицата „Иван Милутиновиќ“.

Првата фаза во должина од 230 метри се протега од Дулие до крстосницата со улица „Наум Наумовски Борче“. Изградбата на топлификацискиот систем од РЕК „Битола“ до Битола се одвива согласно предвидената динамика.

Досега се поставени околу 13 километри топловодни цевки низ Пелагонија, а низ битолските улици треба да бидат изградени 10,5 километри топловод.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*