Don't Miss
Home / Вести / Општина Битола со поддршка за лицата со хемофилија

Општина Битола со поддршка за лицата со хемофилија

По повод 17 април, Светскиот ден на хемофилијата, Општина Битола изрази поддршка на граѓаните кои се соочуваат со овој проблем.

Во таа насока, општинската зграда и Градскиот часовник синоќа светеа во црвената боја, симболот на ова нарушување.

Хемофилијата е наследно нарушување на коагулацијата при кое крвта на лицето не коагулира соодветно, доведувајќи до тешки случаи на
неконтролирано крварење, кое што настанува случајно или после одредена повреда.

Хемофилијата е ретко нарушување, кое се јавува кај 1 на 10.000
лица.

Светскиот ден на хемофилија е Меѓународен ден за подигнување на свеста за хемофилија и други нарушувања на коагулацијата и се одбележува на 17 април, роденденот на Френк Шнабел, основач на Светската федерација за хемофилија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*