Don't Miss
Home / Вести / Во Битола излезноста според очекувањата

Во Битола излезноста според очекувањата

Во Битола излезноста на гласачите на вториот круг од претседателските и парламентарните избори   е според очекувањата.

Засега нема индиции за бојкот  за претседателските избори.

Според зборовите на претседателот на Општинската изборна комисија, Игор Талевски  до 11 часот на гласање излегле  17,40 проценти за претседателските избори и 17,60 % за парламентарните избори.

Ваквите резултати  на излезноста се должат на тоа што станува збор за двојни избори и поради тоа што се обработени помал број на избирачки места.

Инаку  во Битола право на глас за претседателските избори во вториот круг имаат 77.419 избирачи како што беше и во првиот кру,  а за парламентарните избори право на глас имаат 77.578 избирачи.

Засега  изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера биз никакво нарушување на изборниот процес.

Инаку во текот на вчерашниот ден беше спроведено гласањето за болни и изнемоштени лица и тоа право го остварија 221 лице. Во Битолскиот затвор затворениците гласаа и за претседателски и за парламентарни избори. Од нив, 77 гласаа за претседател, а 82 за парламентарните избори. Додека во Домот за стари лица „Сју Рајдер” гласаа вкупно 57 штитеници – информираше Игор Талевски претседател на ОИК Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*