КЈП „Нискоградба“ Битола ги известува граѓаните на Општина Битола дека утре, среда на 22.05.2024 година, КЈП Нискоградба Битола заради изведување на градежни работи- прекоп на канализација во Горно Оризари на ул. Крсте Нале од ул. 8-ми Септември се до бр. 116, сообраќајот ќе биде во прекин од 7.00 до 15.00 часот се до завршување на работите.
Се молат граѓаните да се придржуваат до ова известување, стои во соопштението до јавноста на КЈП „Нискоградба“ Битола.