Don't Miss
Home / Вести / Во иднина часовите на учениците и седниците на Советот на Битола ќе започнуваат со интонирање на македонската химна!?

Во иднина часовите на учениците и седниците на Советот на Битола ќе започнуваат со интонирање на македонската химна!?

Мнозинството советници на денешната седница на Советот на Општина Битола го поддржаа предлогот на советникот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Михајло Вангелов како дополнување на Дневниот ред да биде ставена точката во битолските основни и средни училишта задолжително секој понеделник да започнува наставата со интонирање на химната на Република Македонија.

Ваквиот предлог го поддржаа 29 советници, еден советник на СДСМ се иззема од гласањето а против беше само советничката на ДУИ Мерита Исмаили.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ Вангелов рече дека со оваа иницијатива младите ќе изразат искрена почит и ќе се подигне националното чувство кон татковината.

-Предлагам утврдување на обврската во сите основни и средни училишта во Општина Битола за задолжително интонирање на химната на Република Македонија секој понеделник за почеток на работната недела. Со оваа иницијатива децата ќе изразат искрена почит кон татковината се со една цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на децата кон својата земја Република Македонија, но, истовремено ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција-рече на денешната седница на Битолскиот Совет, Михајло Вангелов од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Тој предложи уште една точка за дополнување на Дневниот ред на седницата да биде утврдување обврска на Советот на Општина Битола за задолжително интонирање на химната на Република Македонија, пред почетокот на седниците на Битолскиот Совет.

За ваквиот предлог на советникот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Михајло Вангелов поддршка дадоа 30 советници, а против беше само советничката на ДУИ Мерита Исмаили.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*