Во старата касарна при секое ископување се најдуваат неексплодирани орудија.
На 07.06.2024 во СВР Битола било пријавено дека при ископ во место викано „Стара касарна” во Битола била пронајдена експлозивна направа. Увид бил извршен, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување направата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за топовска граната со калибар 75 мм по потекло од пред Првата светска војна.