Don't Miss
Home / Колумни / Помина времето на ладење со промаја

Помина времето на ладење со промаја

                       

            Не знам зошто но во првиот момент кога помислив  да пишувам за ова што ни се сличува со високите температури и како граѓаните на Битола и Македонија се справуваат со горештините, мислите ми се вратија доста години назад, кога во една прилика, кога исто така се се соочувавме со “изгор лето” и доста високи температури, на прашањето  на некои од  моите вработени, кои постојано се жалеа дека им е  или жешко или ладно,  како јас се справувам со високите температуре и зошто никогаш не се жалам дали ми е ладно или топло одговорот  кој им го дадов  најпрво ги збуни, а потоа ги насмеа.

-Не знам зошто, но јас немам гајле  од многу жешко, затоа што мене постојано ми “чади” главата.

Преокупиран постојано со куп обврски  и проблеми јас едноставно  научив во животот воопшто не размислувам ни за ладно, ни за топло.

            Но шегата настрана, овие денови кога и ние како и светот се соочуваме со голем топлотен бран, кога температурите се искачуваат и над 40 степени С,  никако не можам да си објаснам  себеси зошто  природта и судбината постојано си поигрува со  нас.

            Кај нас покрај греењето, и ладењето  веќе станува скап луксуз, кој најголемиот  број граѓани не можат себеси  да си го дозволат.

            Ако порано општините или државата ги субвенционираа  граѓаните за набавка на инвертер клими за греење, сега треба тоа да го прават и за ладење.

            Таман помисливме дека по заминувањето на долгата зима конечно  се спасивме од високите сметки за греење, последните денови се соочуваме со несносливи високи температури, какви што не паметат ни највозрасните жители кај нас и на оваа планета но и високи сметки за ладење.

            Како што во зимата поради високата цена на струјата луѓето со часови , а некои и со денови, чекаа  пред шумските претпријатија да купат огревни дрва за да се стоплат, сега пред продавниците за бела техника голем број граѓани со часови чекаат  да купат клима уреди за да се оладат од високите температури.

            Ако имаш среќа да се обезбедиш со клима уред, тогаш вистинска лотарија е да најдеш монтери кои ќе ти ја монтираат климата.

Едноставно  тие велат дека не можат да престигнат од работа и едните и другите.

Иако можеби ќе звучи иронично,  но откако и  Битола  се соочи со пеколни  горестини најголемиот број од граѓаните наместо да размислуваат каде ќе одат  на годишен одмор, и како на зима ќе се греат, сега тие  размислуваат како да купат клима за да можат да се ладат и  да се спасат од неподносливите горештини.

Во Битола, а сигурен сум дека е така и во другите градови во државата, веке никој не прашува  дали и кога Општината ќе распише јавен повик за субвенционирање на инвертер клима уреди, како што тоа го направи пред неколку години, кога на над 2.500 битолчани  им купи клима уреди од по 60.000 денари, туку тие сега и последниот денар го даваат самите да си купат клима уред за разладување на своите домови.

Последните  денови   светот и Битола  ги зафатија драматични топлотни бранови.  Како и во добар дел на држави од Еврпа така и кај нас  се забележани температури над 40 степени Целзиусови.

Температурите забележани ова лето ги рушат сите рекорди.  Последните денови  во Сицијлија се измерени температури од 48,8 степени. Тоа доколку овие мерења се потврдат и верификуваат од повиканите институции е нов температурен рекорд во Европа. Моменталниот рекорд го држи Атина, каде што во 1977 година  биле измерени 48 степени.
       Деновиве рекордни високи темератури се измерени во  индиската престолнина каде температурата достигна 52,3 степени Целзиусови.

Во Шпанија ова лето поради високите температури починале повеке од 6.000 луѓе, од кои повекето биле  стари и болни лица, како и оние кои немаат средства да се заштитат од големите горештини.

И како што е вобичаено кај нас и овој пат Владата во заминување   на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница,  и излезе со препораки за заштита на населението, а посебно на ризичните групи од горештините. Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

-Се препорачува  ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени  и бездомни лица. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
  И што би рекол Цацко. И толку.

            Иако и овие мерки  и препораки не се ни нови, ни непознати за граѓаните, сепак  и тие  до крај не се почитуваат.

И овој пат останува сознанието дека  ние како држава   и натаму како за другите проблеми или непогоди,  сосема кампањски размислуваме и за справуањето со високите температури.

Наместо  заштитата од горештините да биде прашање со кое ке се занимават сите повикани надлежни институции, како  од областа на  здравтсвото,  градежнистевото,  архитектурата, екологијата, урбанизмот, образованието… ние постојано имппровизираме и сеуште мислиме дека можеме да се ладиме со промаја.

Проблемот е што и покрај бројните предупредувања, ние како држава не правиме доволно за заштита и справување  со се поизразените временски услови и климатски промени.

Кај нас сеуште не е решено ладењето или климатизацијата во јавните установи,  здравствените домови и институции,  образованието, супер маркетите, културните институции…  ретко или воопшто нема места каде граѓаните би се засолниле во климатизирани јавни простории. Не се доволно или воопшто климатизарни работните места каде работаат  најголемиот дел од вработените.

Упатените велат дека нема климатизација ни во одделнијата за интензивна нега во некои болници.

Кај нас сеуште не се градат објекти со изолациони материјали, кои ги  намалат температурите.           
Научниците веке предупредуваат   дека ние  во иднина ќе треба да се подготвуваме  за температури од 50 степени Целзиусови.

            А за живеењето со вакви температури веке  крајно е време да размислуваме, не како поединци, туку како држава.

             Кај нас поединците веќе  одамна го имаат решено не само своето ладење туку и греење, како дома така и во своите овални кабинети.

            Државата треба да почне да размислува за решавање на проблемот со ладење на  обичните граѓани.

            Време  е државата да почне да се размислува и за воведување на централно ладење и греење, а не со  најчесто измислени политички ад хок инстант кампањи, кои освем дневно политички поени  не се покажале многу  како  корисни.

            Време е греенјето и ладенјето да им се препушти на науката и научната мисла, како и тие кои знаат  како да се заштитат од климатските промени и високите температуре, не само себеси, туку и  обичните граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*