Don't Miss
Home / Вести / На панел дискусија се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат родителите на децата со попреченост во новата ера

На панел дискусија се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат родителите на децата со попреченост во новата ера

Во организација на Центарот за подобрување на квалитетот на животот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства „ПОРАКА НОВА“, денес во Општина Битола се одржа настан на тема „Од различна перспектива: Предизвиците со кои се соочуваат родителите на децата со попреченост во новата ера“.

Настанот имаше за цел да поттикне поголема свесност за предизвиците со кои се соочуваат родителите и семејствата на децата и лицата со аутистичен спектар на нарушување, нивните најгорливи предзивици, потребата од системската поддршка, како и влијанието на новото време и технологијата.

Настанот го отвори Анита Гаговска Тренчевска, извршен директор на „Порака Нова“, а присутните ги поздрави градоначалникот, Тони Коњановски, кој потенцираше дека Општина Битола, преку Програмата за социјална заштита, настојува во рамките на своите надлежности, да овозможи поддршка за лицата кои се соочуваат со одредена попреченост, вложувајќи напори за олеснување на нивното секојдневие, како и овозможување на инклузивност.

Од стручен аспект за аутистичниот спектар на нарушување, зборуваше проф. д-р. Владимир Трајковски, истакнат експерт во областа на аутизмот и претседател на МНЗА – Македонското научно здружение за аутизам, а присутните имаа можност да поставуваат прашања и активно да се вклучат во дискусија, по однос на прашањата кои ги загрижуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*