Иванчо Тошевски, со одлука на Владата е именуван за вршител на должноста директор на Јавна установа Национален парк Пелистер – Битола.
Во периодот 2017 – 2021 Тошевски беше член на Советот на Општина Битола и координатор на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, тој е и поранешен претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ (мај,2018-декември,2020).
Тошевски важи за вљубеник во планината и природата и како организатор на настанот „ПРВИ НА ПРВИ“ (искачување на 1ви Јануари на Врв Пелистер), и како дел од организација и на други настани во НП Пелистер, години наназад активно придонесува за промоција на природните убавини на нашиот поширок регион.