Седуммесечно бебе синоќа почина на интензивна нега на Детската клиника во Скопје.
Директорот на Клиниката Реџеп Мемеди појаснува дека бебето било со генетски проблем и имало оштетени повеќе органи.
Според Мемеди, биле запазени сите процедури и третмани и нема лекарска грешка.
Тој вели дека се работи за неоснован притисок врз Клиниката и здравствениот персонал во оваа институција.
Телото на бебето е пратено на обдукција на Патологија.
Извор a1on.mk