Don't Miss
Home / Економија / Со доживотно учење, до поконкурентни на пазарот на труд

Со доживотно учење, до поконкурентни на пазарот на труд

Главната идеја на настанот  “Денови на доживотно учење“  е да го насочи вниманието на јавноста кон значењето и улогата на учењето во текот на целиот живот, како и подигнување  на свеста на граѓаните за тоа дека доколку континуирано се образуваат и надградуваат, ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд, и полесно ќе дојдат до вработување.

Настанот “Денови на доживотно учење“  оваа година се одржува по единаесетти пат, но Работничкиот универзитет годинава за првпат ја организира во Битола.

Во последно време, и во јавниот, но особено во приватниот сектор, работодавачите покрај високо квалификувани кадри, бараат и вработени кои имаат вештини, опсежни знаења, да знаат да работат на компјутер, да бидат флексибилни, тимски играчи и многу други карактеристики.

И не за џабе постои изреката “учиме додека сме живи“.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*