АД ЕСМ Подружница РЕК „Битола“, деновиве им додели стипендии на најдобрите десет студенти на Техничкиот факултет Битола, за академската 2023/2024 година.
Стипендиите им беа доделени од страна на директорот на подружницата РЕК „Битола“ Тони Петрушевски, а во присуство на деканот на Техничкиот факултет Битола, проф. д-р Митко Костов.


Стипендистите добиваат финансиска поддршка од 80.000 денари годишно и се доделуваат за 10 месеци односно во текот на целата академска година.
–Финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, а стипендиите се продолжуваат еднаш годишно врз основ на исполнување на утврдени критериуми пропишани во договорите за стипендирање што, пак, се услов за продолжување на стипендиите-стои во информацијата на АД ЕСМ Подружница РЕК „Битола“.

Честитајќи им ја стипендијата, директорот Петрушевски, на студентите им посака успех во студиите и им порача стекнатото знаењето да го вложат во нашата компанија особено во унапредување на електроенергетскиот сектор. Од своја страна студентите искажаа благодарност за доделените стипендии и покажаа подготвеност работната кариера да ја остварат во комбинатот.
Ова е востановена практика на АД ЕСМ повеќе од 12 години и претставува директна поддршка на образовниот процес што нашата компанија ќе ја продолжи и во иднина.