Во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ -Битола, се одржа предавањето: „Библиотеката против булингот и сајбер булингот“
Препознавање и реакција: Како библиотекарите можат да помогнат?
Предавањето беше дел од проектот поддржан од програмата Еразмус+ (КА122 – АДУ) и собра библиотекари, едукатори и професионалци од областа на образованието и менталното здравје, обединети околу заедничката цел: создавање безбедна, инклузивна и поддржувачка библиотечна средина.

Директорката на Битолската библиотека м-р Емилија Стефановска Давкова ја истакна важноста на улогата што библиотекарите ја играат во современото општество -не само како чувари на знаење, туку и како активни чинители во грижата за менталната и социјалната добросостојба на корисниците.

Предавачи беа: Наташа Беќирова, психолог, д-р Марина Кузмановска, психотерапевт. Учесниците имаа можност да стекнат знаења и практични алатки за: препознавање на различни форми на булинг,
идентификација на знаци кај жртви и сторители, развивање на емпатија и активна поддршка и градење библиотека како безбедно прибежиште.

Им благодариме на сите учесници за интересот, активното учество и споделените искуства:
- Маја Марковски, ООУ „Гоце Делчев“ – Битола
- Јасемин Алиевска, ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Кишава
- Роза Јовановска, ООУ „Даме Груев“ – Битола
- Лили Бошевска, ООУ „Кирил и Методиј“ – Битола
- Ивана Дамчевска и Ивона Гроздановска, ООУ „Елпида Караманди“ – Битола
- Викторија Јовановска и Ирена Настевска, ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола
- Даниела Манчевска, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола
- Дијана Монтеро, Розета Стоун,
- Сара Груеска, СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола
- Милена Трајчевска, Јулијана Христовска Кулевска, Јелена Петровска, Милка Котевска, Јасминка Кочовска, Ирена Колевска, Слободан Пачовски, Смиља Најденова, Фатма Бајрам Аземовска и Гордана Ѓорѓиевска Неделковски од НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола. Продолжуваме со иницијативи кои ја зајакнуваат нашата библиотечна заедница! порачаа на настанот од НУУБ „Св. Климент Охридски“ -Битола.