Don't Miss
Home / Вести / Премиерот Мицкоски со честитка по повод 1 Мај: Трудот е темелот на достоинството и напредокот

Премиерот Мицкоски со честитка по повод 1 Мај: Трудот е темелот на достоинството и напредокот

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, упати честитка до сите граѓани по повод 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот.

Денес им оддаваме почит на сите работници-на луѓето кои со својата упорност, одговорност и честитост го движат нашето општество напред. Трудот е една од најголемите вредности врз кои се гради достоинството на секој човек, и токму затоа тој претставува темелот на секоја стабилна и напредна држава.

Како Влада, остануваме целосно посветени на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Ќе продолжиме со политики кои значат зголемување на минималната и просечната плата, унапредување на пензискиот систем, отворање нови работни места, јакнење на работничките права и намалување на невработеноста.

Веруваме дека секој успех започнува од човекот и зависи од неговата сигурност, стабилност и мотивација. Затоа вложуваме во вистинските вредности -трудот, знаењето и достоинството на човекот. Да продолжиме заедно да ја градиме Македонија како праведна, солидарна и просперитетна држава за секој наш граѓанин. Честит Први мај -Меѓународен ден на трудот!, стои во честитката на премиерот Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*