Владината делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев денес учествуваше на националниот ден на светската изложба ЕКСПО 2025 во Јапонија.
Силен впечаток остави точката и настапот на националниот ансамбл Танец кои го отворија денешниот ден.
Македонскиот павилјон изобилува со традиционални изложби, но најсилно и најголеми внимание зазема токму онаа на јапонскиот архитект Кензо Танге кој го има проектирано Скопје после земјотресот во 1963 година.
Како Влада остануваме посветени на афирмација на Македонија. Присуството на ЕКСПО 2025 година е уште еден доказ за тоа.