Don't Miss
Home / Вести / Недела на сестринството: Инвестицијата во медицински сестри е инвестиција во здрава нација

Недела на сестринството: Инвестицијата во медицински сестри е инвестиција во здрава нација

Унијата на здруженија предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“, во Битола ја одбележа неделата на сестринството која годинава се слави под мотото „Нашите сестри-нашата иднина, грижата за сестрите ги зајакнува економиите“.

Со особена почит и благодарност ја одбележуваме Меѓународната недела на медицинските сестри и Меѓународниот ден на акушерките. Во текот на мојот повеќедецениски медицински пат, сум бил сведок на безброј примери на пожртвуваност, храброст и несебична грижа од сестрите и акушерките, столбот на нашата успешна медицинска установа. Тие се нашата секојдневна поткрепа без која не се може, секогаш тука во решавањето на најтешките медицински предизвици и сите безбедни породувања! Од мене лично и во име на целиот тим на Болницата „Плодност“ Ви благодарам за секоја дежурна ноќ, секој топол збор и секој чекор направен за доброто на нашите пациенти-истакна на одбележувањето Прим. д-р Таше Трпчевски сопственик на најсовремената болница „Плодност“ Битола.

Медицинските сестри не се само алки во здравствениот систем, туку тие се суштинскиот дел во здравствените системи и токму затоа инвестицијата во медицински сестри е инвестиција во здрава нација, истакна на денешната свеченост во Битола, Гордана Бешлиовска, претседателка на здружението „За Нас“.

Глобалните политики со кои се занимава Светската здравствена организација акцентираат дека е потребно да се инвестира во медицинските сестри, затоа што до 2030 година на светот ќе му недостасуваат девет милиони медицински сестри. Во светот глобален проблем е тоа што медицинските сестри освен што мигираат, туку тие и ја оставаат својата професија и заминуваат од професијата пред сè заради нивниот нерешен статус, условите кои ги имаат за работа и секако недоволна платеност наспроти одговорностите“, посочи Бешлиовска.

Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“ на свеченоста во Битола порача дека ќе продолжи да ја брани професијата со едукација, ќе се бара исполнување на ветеното со цел подигнување на вредноста на пациентите и ќе бара европски лик и имиџ на медицинската сестра во земјава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*