Рано изутрината, околу 02,30 часот на улицата “Партизанска“ во Битола, во близина на Касарната се случи тешка сообраќајна несреќа во која две лица се тешко повредени, од кои возачот на автомобилот е во критична состојба.
Сообраќајката се случила рано изутрината, кога од засега непознати причини возачот на автомобилот марка “ буба” со прилепски регистерски таблички изгубил контрола врз возилото и удрил во дрво.
Ударот бил толку многу силен што според некои очевидци на несреќата, моторот на возилото излетал дваесетина метри настрана.
Во несреќата потешко се повредени двајцата патници, возачот Х.С. на возраст од 19 години, а со тешки повредени се здобил и неговиот сопатник Т. С. на возраст од 21 година.
Двајцата повредени со возило на брзата медицинска помош веднаш биле пренесени во Клиничката болница во Битола, каде веднаш биле хоспитализирани, во службата за интензивна нега и реанимација.
Со оглед на тешките повреди на возачoт Х.С, тој рано изутрината бил итно префрлен на Клиниките во Скопје.
Веднаш на местото на несреќата излегла увидна екипа, како и јавен обвинител, кои наредиле испитување на случајот.
Во СВР Битола ја потврдија несреќата, но засега не можат да изнесуваат детали за тоа како дошло до истата и кои биле причините што возачот изгубил контрола и удрил во дрвото.
Б.В.