Сите земјоделци кои прептрпеа штети од овогодинашните поплави ќе бидат 100 % обештетени.
Ова пред се се однесува на жителите од пелагониските општини Битола, Могила и Новаци чии поплавени површини беа засадени со есенски култури.
Владата средствата ги обезбеди преку програмата за финансиска подршка на министерството за земјоделие и веќе во наредните денови комисија ќе ги посети засеганатите општини за да ги разгледа доставените пријави и елаборати.
– Веднаш пристапуваме кон исплата на утврдената загуба, односно проценетата штета која е направена во 100 процентно надокнадување од средства кои ги обезбеди Владата на Р. Македонија- изјави Ване Костадиновски, заменик министер за земјоделие.
Од минсетрството будно ја следат состојбата и со пролетната сеидба, како и претстојната жетва на лебно жито.
-Доколку е потребно ќе реагираме интервентно со цел да не се наруши пазарниот баланс и да овозможиме стабилно производство на лебно жито и снабдување на граѓаните со леб- додаде Костадиновски