Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека заедничка турско-руска истражна комисија започна истрага за убиството на рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов.
Тој посочи и дека нема да дозволи никој да им наштети на односите меѓу двете земји.
Тој во свое име и во името на турскиот народ го осуди убиството на рускиот амбасадор.
Ердоган истакна и дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и двајцата се на ставот дека убиството е отворена провокација со цел да им се наштети на нивните односи.